Перечиња со квасец (1)
Состојки
- 1 сув квасец
- 20 мл млако млеко
- 1 лажичка шеќер
- 2 лажички сол
- 180 гр свинска маст (или 200 гр маргарин)
- 1 јајце
- 1/2 пак. прашак за пециво
- околу 500 гр брашно
- крупна сол, ким, сусам за посипување и 1 јајце за премачкување
Подготовка
Активирајте го квасецот во млекото заедно со шеќерот и 1 лажиче брашно. Потоа, од сите состојки замесете меко тесто. Без да чекате, веднаш, развлечете го со оклагија во кора со дебелина од околу 3 мм и со помош на калапчето за перечиња вадете форми. Редете ги во подмачкан плех или во плех обложен со пек хартија, премачкајте ги со разматено јајце и поросете со крупна сол, сусам, ким... Печете ги веднаш на 200 степени околу 10на минути, односно, додека благо не поруменат.