Пастрмајлија со соја топчиња (посно, без масло)
Уште едно во низата на посни јадења. Далеку дека е исто како и со месо, но е доба замена. Зачините си го прават своето така што верувам дека и кај оние скептичните би поминал рецептов =)
1. Во подлабок сад испасирајте го компирот, додадете дел од брашното и промешајте со раце за малку да се разбие компирот и да се намали топлината. Додадете ги шеќерот и солта, водата во која претходно сте го раствориле квасецот и замесете тесто со постепено додавање брашно. Во зависност од големината на компирот ќе варира и количината на брашното. Измесете убаво и ставете го во набрашнет сад, покријте со крпа и оставете на топло место да стасува.
2. Соја топчињата ставете ги во сад со вода, додадете зачини по желба и варете ги 20тина мин. додека омекнат. Извадете ги, исцедете убаво и ставете ги во подлабок сад. Додадете го сенфот и зачините, убаво измешајте и распоредете ги во еден ред на плех обложен со алуминумска фолија. Ставете ги во претходно загреана рерна на горната решетка малку да се запечат.
3. Кога тестото е веќе стасано префрлете го на набрашнета работна маса и премесете малку. Поделете го на онолку делови колку сакате да направите парчиња. Развлечете ги со раце да формирате елипсовидна или кружна форма и ставете ги на набрашнет плех. Премачкајте ги со премазот и наросете сусам по страните. Ставете ги во загреана рерна неколку минути колку само да се засуши премазот. Извадете ги, наредете ги соја топчињата и вратете во рерна да се печат.
Послужете ги топли.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани