Рецептов си го пронајдов запишан на ливче од пред повеќе од 10 години, и го прилагодив во посна пита пастрмајлија. Додадов, одзедов и го добив приложеното.

1. Соја коцките се варат со 1 лажица сув зачин околу 15 минути. Се цедат, а за тоа време се прави тестото.

2. Се зафаќа тесто од состојките и по потреба се додаваат 7 до 8 лажици брашно (мене толку ми требаше за брашното што го користев), да се добие меко тесто што не лепи. Се остава да стаса 10 до 15 минути.

3. Тестото се размесува, ако лепи се додава уште малку брашно и се дели на 4-6 топчиња (зависи колкави сакате да бидат питите). Топчињата се мачкаат со масло да не фатат кора и се оставаат да стојат уште 10-тина минути.

4. За тоа време исцедените коцки соја се запржуваат со малку масло, се додава сувиот зачин, црн пипер, шарена сол, соја сос, копар и скроз на крај црвениот пипер. Се меша сето добро.

5. Од стасаното тесто се прават пастрмајлии (јас направив 3, а од 4-тото топче направив полжавчиња со урда). Пастрјмалиите се премачкуваат со сенф измешан со вода, се распоредува филот со соја, се посипува со малку сусам. Се пече на 190 степени околу 20-25 минути.

Поснава варијанта може да се направи со свинско или пилешко месо исечено на ситни коцки, запржено на сличен начин на овој.
Интересна пита, посебно што коцките соја и по печењето останаа сочни и не се исушија. Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани