За да е вкусен овој грав со тестенини, основно е тоа што треба да е шарен грав, на белиот грав местото не му е овде.

1. Сварете го гравот на вообичаен начин. Исцедете го.
2. Сварете ги ал - денте кратките макарони, залијте со ладна вода за да не се залепат, иседете ги.
3. На врел зејтин пропржете го насецканиот кромид заедно со исечканата сланина. Додадете го низ преса стиснат лукот. Залијте со малку вода, додадете ја вегетата, ловорот, целеровиот лист и динстајте околу 10 мин.
4. Додадете ја преостанатата вода, гравот, пире од патлиџанот и сварените макарони. Откако ќе зоврие- варете уште некоја минута.

Нека ви е слатко!
Напомена
И покрај тоа што се напишани точните мерки на состојките, напоменувам дека ова можете да го спремате и одокато. Не е можеби за верување, но навистина е ова една од вкусните варијанти за шарениот грав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани