Паста фажол
Подготовка
1. За да е вкусен овој грав со тестенини, основно е тоа што треба да е шарен грав, на белиот грав местото не му е овде.
2. Сварете го гравот на вообичаен начин. Исцедете го.
3. Сварете ги ал - денте кратките макарони, залијте со ладна вода за да не се залепат, иседете ги.
4. На врел зејтин пропржете го насецканиот кромид заедно со исечканата сланина. Додадете го низ преса стиснат лукот. Залијте со малку вода, додадете ја вегетата, ловорот, целеровиот лист и нека се динста уште околу 10 мин.
5. Додадете ја преостанатата вода во која сте раствориле од Фант мешавината, гравот, пире од патлиџанот и сварените макарони.
6. Откако ќе зоврие варете уште некоја минута.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Сите права се задржани