Млекото и хоплата се варат на оган. Од него предходно земаме околу 6-7 лажици за растворање на пудинг парвот и 2 лаж. шеќер. Останатиот шеќер во ставаме во млекото што се вари. Вариме пудинг. На готовиот пудинг ја додаваме чоколадата и маргаринот искршени на коцки. Лешниците малку ги потпекуваме и пола ги мелиме, а пола ги сецкаме. И нив ги додаваме на смесата.
Во подлабок сад го ставаме паднишпанот искршен на парчиња и го преливаме со подготвениот фил. Убаво измешуваме и на подлога за торта или рамна поголема чинија ја обликуваме тортата. Откако ќе одстои во фрижидер, се премачкува со шлаг пената, приготвена спрема упатството и се декорира по желба.
*Јас користев готов кршен паднишпан, го има во маркетите да се купи. Но, можите исто така вие сами да си приготвите од основните состојки за паднишпан.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани