Папагалскиот кекс е едноставен рецепт кој што бргу се приготвува. Нема некои комплицирани постапки и може да го подготви секоја домаќинка.
Мерам со чаша од 250 грама.
Секоја мерка е со истата таа чаша.
На пример 2 чаши шеќер или 500 грама шеќер.
Рецептот започнува со матење на јајцата и шеќерот.
Се мати малку подолго затоа што има повеќе шеќер.
Откако смесата е пенеста се додаваат маслото и газираниот сок. Постепено се додава брашното во кое има замешано пециво и ванила.
Миксираме додека не добиеме изедначена смеса.
Добиената смеса ја поделуваме во неколку сада во зависност од тоа колку бои сакаме да употребиме во колачот.
Во мојот случај јас употребив 4 сада, затоа што тестото го замешав со црвена, зелена, плава и жолта боја.
Значи, во секој сад ставаме од матената смеса и потоа додаваме прехрамбена боја во секој сад посебно.
Промешуваме.
Смесата ја префрламе во намрсениот куглав .
Полека ставаме од сите бои по малку.
Ја трошиме цела смеса и ставаме да се пече.
Јас го покрив со фолија за да не ми порумени многу површината.
Долго се пече..околу 35-40 минути на температура од 150 степени. Повремено го боцкав со чепкалка за заби, да видам до каде е со печењето.
Додека се пече го изматив шлаг кремот по начинот кој е прикажан на опаковката.( 125 гр млеко и прашокот за шлаг кремот )
По кратко матење, кремот беше спремен за употреба.
Печениот папагалски кекс истина, па го премачкав со шлаг кремот. Оставив да се излади, иако да признаам, неколку парчиња не дочекаа шлаг...
Ги изедоа децата ......
Откако отстоја малку да впие и шлаг кремот, ја исеков на парченца и послужив...
На здравје *

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови