Папагалов кекс
Папагалскиот кекс е едноставен рецепт кој што бргу се приготвува. Нема некои комплицирани постапки и може да го подготви секоја домаќинка.
Мерам со чаша од 250 грама.
Секоја мерка е со истата таа чаша.
На пример 2 чаши шеќер или 500 грама шеќер.
Рецептот започнува со матење на јајцата и шеќерот.
Се мати малку подолго затоа што има повеќе шеќер.
Откако смесата е пенеста се додаваат маслото и газираниот сок. Постепено се додава брашното во кое има замешано пециво и ванила.
Миксираме додека не добиеме изедначена смеса.
Добиената смеса ја поделуваме во неколку сада во зависност од тоа колку бои сакаме да употребиме во колачот.
Во мојот случај јас употребив 4 сада, затоа што тестото го замешав со црвена, зелена, плава и жолта боја.
Значи, во секој сад ставаме од матената смеса и потоа додаваме прехрамбена боја во секој сад посебно.
Промешуваме.
Смесата ја префрламе во намрсениот куглав .
Полека ставаме од сите бои по малку.
Ја трошиме цела смеса и ставаме да се пече.
Јас го покрив со фолија за да не ми порумени многу површината.
Долго се пече..околу 35-40 минути на температура од 150 степени. Повремено го боцкав со чепкалка за заби, да видам до каде е со печењето.
Додека се пече го изматив шлаг кремот по начинот кој е прикажан на опаковката.( 125 гр млеко и прашокот за шлаг кремот )
По кратко матење, кремот беше спремен за употреба.
Печениот папагалски кекс истина, па го премачкав со шлаг кремот. Оставив да се излади, иако да признаам, неколку парчиња не дочекаа шлаг...
Ги изедоа децата ......
Откако отстоја малку да впие и шлаг кремот, ја исеков на парченца и послужив...
На здравје *
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Boite se stetni za organizmot..
E-101 Riboflavin ili Vitamin B2 (go ima vo sladoled, majonez, bezalkoholni pijaloci); E-120 Karmin, organska boja (ja ima vo Campari i vo nekoi oboeni slatki proizvodi a isto i vo prelivite za torti!!); E-133 Brilantsina (se naogja vo razni pijaloci, kandirano ovosje, korata od kaskaval); E-131 Patensina (povtorno, ja ima vo slatki proizvodi, glazuri, pijaloci kako blu curacao, vo lekovi…); Emulgator 433 Polisorbat 80 sluzi kako stabilizator i toa najcesto se naogja vo sladoledot, margarinot…
Site ovie moze da se konzumiraat bez pogolemi razmisluvanja osven Karminot koj kako sto veke napisav go ima vo prelivite za torti (i moze najkoristena prehrambena boja) koja moze da predizvika alergii posebno kaj oni koi se osetlivi na acetilsalicilna kiselina. E sega, jas ova kako laik go pisuvam, bez nekoj da se navredi :), moze nekoj koj poveke se razbira ke dodade nesto drugo ili ke me popravi.:)
Tuka sme da postavuvame nasi recepti, da se druzime i da gi spodeluvame iskustvata! :)
Друга работа што сметав дека требаше да ја искоментирам е дека ...јас го објавив она што го подготвив, не мора никој да го приготви ако смета дека е штетно :) :)
Наидов на податоци , кои велат дека боите не се штетни за здравјето на луѓето. Еве дел од пишаниот текст , од факултетот за биотехнички науки....
http://issuu.com/thetetoo/docs/prehr.boi...cc....1?mode=window&pageNumber=1
Впрочем секој има право на свое мислење.и споделување со нас :)
Ако гледаме детално, што се е штетно...тогаш децата не смеат да конзумираат бонбони, лижавчиња, тортите со фондани , а каде се мајонезите и кечапите. Поздрав до сите присутни на мои рецепти...