Најпрво, стопете го маргаринот и чоколадата. Оставете ги да се ладат и за тоа време изматете ги белките. Во друг сад пенасто изматете ги и жолчките со шеќерот. Додадете го растопениот и сега веќе изладен маргарин со чоколадата, па постепено и наизменично додавајте го брашното со млекото, па оревите. На крај додадете го и изматениот шам од белки и убаво измешајте. Ќе добиете релативно течна смеса.
Смесата излијте ја на намрсен и побрашнет сад за печење со димензии 20х40 и ставете да се печи на 170 степени околу еден час. Задолжително придружувајте се кон времето и температурата.
Готовиот колач добро изладете го во фрижидер па потоа сечете на коцки.

*Овој колач си има своја деликатност и специфика. Доколку точно се придружувате кон постапките на рецептот, колачот ќе испадни како на сликата во слоеви, дури кај некои и подобар. Со оглед на тоа дека мојата рерна не е погодна за деликатни работи и првиот пат кај мене не успеа, овој пат го правев кај мајка ми и успеа. Се надевам дека со третиот обид во домашни услови и нов шпорет ќе испаднат уште поуспешни слоеви)))
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани