Палента со месо и колбаси во сос
Месото и колбасите исечете ги на помали парчина и ставете ги во тава со малку масло. Пржете ги неколку минути да добијат црвенкаста боја.
Кромидот, морковот и лукчето исецкајте ги и додајте ги во тавата. Заедно пржете уште неколу минути. Потоа додајте го виното, водата, ловорот магдоносот, пиперот, биберот и сол по вкус. Измешајте и оставете го да вари на среден оган додека течноста испари, но не целосно. При крај кога останало малку течност додајте го доматното пире измешајте и оставете го да вари уште 15-ина минути да се згусти сосот.
Кога е готово оставете го покриено на страна и подгответе ја палентата.
Водата со солта и маслото ставете ја да зоврие. Постепено додавајте ја палентата и со дрвена лажица постојано мешајте додека се згусти.
Истурете ја во плехче намачкано со масло и израмнете ја.
Оставете ја малку да олади, исечете ја на квадрати и послужете ја со подготвеното месо.
Лиценца: Сите права се задржани