3
мар
2014
Палачинки со спанаќ
Интересен рецепт кој можете да го искористите за појадок или вечера.
Во длабок сад ги мешаме јајцата, млекото, маслото и брашното. Додаваме зачини.
Во тава во загреан путер го пржиме ситно сецканото лукче, па го додаваме предходно измиениот и изблендиран спанаќ. Откако ќе се испржи оставаме да излади па го додаваме во тестото. Промешуваме и пржиме палачинки во загреана тава. Откако се готови, ги премачкуваме со кисела павлака, рендано сварено јајце и младо кромидче. Ги виткаме палачинките и ги сервираме со кисело млеко или павлака. На здравје !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Inaku mene mnogu mi se dopadnaa tvoite palacinki, Nadica...