1. Во сад соединете ги сирењето, јајцата, 50 гр рендан кашкавал, свинскиот врат, сланината и зачини по вкус и промешајте да се добие еднолична смеса.
2. На секоја палачинка ставајте од филот и преклопете ја да добие форма на перниче. Значи бочните старни преклопете ги и потоа свиткајте ја како ролет.
3. Во намрсен огноотпорен сад наредете ги склопените палачинки.
4. Во тенџере на оган стопете го путерот па додадете го брашното. Кратко пропржете. Потоа постепено додавајте млеко со постојано мешање, додека смесата да се згусне. Пред крајот додадете бибер, мускатно оревче и мешан сув зачин.
5. Наредените палачинки ги прелеваме со бешамел сосот и ги прекриваме со рендан кашкавал. Печеме во загреана рерна на 200 степени додека да зарумени.

Забелешка
Во оригиналниот рецепт нема сувомеснато. Мој беше изборот да додадам и малку сушено месо.
Палачинките направете ги по сопствен рецепт, во мојата тава имаше 11 палачинки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани