3
јан
2013
Палачинки со лук
Овие палачинки традиционално се прават на 2ри јануар, кога се слави Светецот Игнат. Овој рецепт го имам од мојата баба, која ги правеше секогаш на овој ден, па јас ја продолжив оваа традиција.
1. Лукот се чисти и се толчи со малку сол.
2. Во лукот се додаваат оревите. Се толчат заедно.
3. Во оваа смеса се става маслото и водата. Сето заедно се меша.
4. Во секоја палачинка се става од смесата. Се преклопува палачинката на четири. Се редат палачинките во Делимано фантазија округла тава која е попрскана со малку масло.
5. Смесата која ни остана ја тураме врз палачинките.
6. Печиме во загреана рерна колку палачинките да се потпечат и поруменат.
Лиценца: Сите права се задржани
So takvi tegnati potpeceni kori jas pita od pile pravam...
Ama se treba da se vidi, da se proba i da se znae.. Ke go cekam tvojot recept :)
Ama kako sto rekovte, bogatstvoto na ovaa stranica e sto mozeme da naucime nesto novo, a toa e mnogu dobro :)
Ama i pitulici da pecis, ne da gi poracas od kaj majka ti :)
Srekni praznici i se' najdobro ti posakuvam!! :)
Mirjana prekrasni se i ubavo e da se vidi deka tradicijata zivee pozz:)
Ти Благодарам, затоа јас оваа традиција ќе ја пренесам и на моите ќерки:) Поздрав
се изначитав за обичаи кои не ги применувам никогаш. мене а ми се јаде нешто си го спремам, не ОБИЧАМ да чекам :) :) :) :)
Клара какво лутење, баш ми е мило што си ги направила и што ни ги покажа на дело:)
Не правам не правам и ете успешни си ги направила:) Браво:) Следниот пат пробај малку потпечиги нема да згрешиш сигурна сум дека ќе ти се допаднат:)