Испечати

Палачинки со лук

Палачинки со лук

Состојки

  • 12 посни палачинки
  • 1 главица лук
  • 1 рака ореви
  • 3 лажици масло
  • 100 мл жешка вода

Подготовка

Овие палачинки традиционално се прават на 2ри јануар, кога се слави Светецот Игнат. Овој рецепт го имам од мојата баба, која ги правеше секогаш на овој ден, па јас ја продолжив оваа традиција.

1. Лукот се чисти и се толчи со малку сол.
2. Во лукот се додаваат оревите. Се толчат заедно.
3. Во оваа смеса се става маслото и водата. Сето заедно се меша.
4. Во секоја палачинка се става од смесата. Се преклопува палачинката на четири. Се редат палачинките во Делимано фантазија округла тава која е попрскана со малку масло.
5. Смесата која ни остана ја тураме врз палачинките.
6. Печиме во загреана рерна колку палачинките да се потпечат и поруменат.