Падејски кифли
Активирајте го квасецот со 200мл.млако млеко, шеќерот и лажица брашно.
Додадете ги останатите состојки и замесете меко тесто оставете да го дуплира волуменот т.е да стаса.
Стасаното тесто поделете го на четири топки. Во чиниjа соединете ја маста, жолчките и брашното и добро измешајте со лажица.
Секоја топка расукајте со големина на тањир и премачкајте со матената маст.
Вака премачканите четири теста оставете ги да стасаат половина час.
Секое тесто развлечете го на чаршав како кори за пита рамномерно на сите страни.
Тестото го развлекуваме со раце не со оклагија(затоа што горната кора ни е премачкана со маст) развлечето колку што можете немора да бите многу тенко.
Со помош на чаршавот замотајте ролат од едната и од другата страна така што двете кори ќе ни се состават на средина,пресечете ги ролатите на средина по должина за да добиете два еднакви ролата.
Од ролатите сечете кифли,редете ги во тава за печење.
Оставете да нараснат околу десетина минути,премачкајте со изматено јајце и посолете со сусам.
Печете во загреана рерна на 200степени додека не ја добијат посакуваната златна боја.
Забелешка.
Маста може даја замените со маргарин и путер ако го сакате моето мислиње со маст беа превкусни меки како памук. Добри се и за замрзнување, но кога ќе ги одмрзнете ставете ги во рернa добивате екстра крцкави кифли.
Ова е мој фаворит во кифлите!!!
Лиценца: Сите права се задржани