![Освежителна салата со пченка и боранија](https://moirecepti.mk/content/uploads/2013/04/IMAG1888-800x478.jpg)
Освежителна салата со пченка и боранија
Одлична салата за оние што постат или се на диета.
Најпрво, ако пченката и боранијата се замрзнати, во мало тенџерче се варат во малку вода околу 15тина минути.
Се сецкаат краставиците и доматите, а на маслинките им се вадат семките и тие сецкаат на мали парчиња. Се додаваат претходно исцедената и оладена боранија и пченка, па додава многу ситно исецканото младо кромитче или лукче (по желба може да изберете).
На крај посолете ја и додадете маслинов зејтин па промешајте ја.
И тоа е тоа!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови