Освежителна салата со пченка и боранија

Состојки
- 1 краставица
 - 2-3 домати
 - малку пченка
 - малку боранија
 - неколку маслинки
 - 1 младо кромитче или лукче
 
Подготовка
Одлична салата за оние што постат или се на диета.
 Најпрво, ако пченката и боранијата се замрзнати, во мало тенџерче се варат во малку вода околу 15тина минути.
 Се сецкаат краставиците и доматите,  а на маслинките им се вадат семките и тие сецкаат на мали парчиња. Се додаваат претходно исцедената и оладена боранија и пченка, па додава многу ситно исецканото младо кромитче или лукче (по желба може да изберете).
 На крај посолете ја и додадете маслинов зејтин па промешајте ја.
 И тоа е тоа!