Ориз тава со зеленчук и чадено месо
Најпрвин месото ставете го да се потсвари.
Во тавата во која ќе го спремате ручекот ставете масло да се загрее.
Додајте ги сецканиот кромид, сецканиот лук, целер и морковот исечен на кругови.
Пржете додека кромидот подомекне, па додајте ја ренданата тиквичка, компирите исечени на коцки и сецканиот домат.
Откако ќе се пропржи се заедно додајте го оризот и сецканиот магдонос.
Зачинете со мешан сув зачин и црн бибер.
Промешајте убаво и налејте топла вода.
Одозгора наредете го аспарагусот исечен на помали стапчиња и свареното чадено месо.
Откако ќе зоврие водата ставете ја тавата во рерна на 200 степени и печете додека водата испари.
Вака спреманата тава послужете ја со свежа салата.
Лиценца: Сите права се задржани