17
апр
2013
Ориз со пилешко и печурки
Во поголема количина вода ставете го оризот да се вари, но внимавајте да не се превари многу.
Сварениот ориз исплакнете го со ладна вода и оставете го да се исцеди.
Во тава на оган ставете масло и додајте го сецканиот кромид, ренданиот морков, сварениот батак исцепкан на ситни парчиња и печурките исечени на ленти.
Пржете додека печурките и кромидот омекнат.
Во тавата додајте го сварениот ориз, магдоносот и зачинете со мешан сув зачин и црн бибер.
Убаво промешајте и послужете.
Лиценца: Сите права се задржани
Патем...печуркиве свежи се ставаат така ?
... на пример :))) ... можи и полесно ќе ме измамеа да пројадам :Р