Ориз со мелено месо и шампињони
Уште едно од често подготвуваните јадења кај нас дома. Оризот го сакаме сите, па се трудам да најдам најразлични рецепти.
Се надевам ќе ви се допадне рецептот.
1. Во тава на оган ставете го ситно сецканиот кромид да се пржи. Кога малку ќе омекне додадете ги протиснатите чешниња лук и оставете да се пропржат.
2. Потоа додадете го меленото месо и убаво со лажица раздробете за да нема крупни топчиња. Пржете подолго време додека месото добие убава кафена боја, а потоа додадете ги и печурките исечени на четвртинки и продолжете со мешање додека малку да омекнат. На крај додадете го и оризот промешајте да се изедначи, зачинете по вкус па целата смеса префрлете ја во тава за печење.
3. Додадете ја загреаната вода и ловоровиот лист и ставете во загреана рерна да се пече. Оставете малку да се излади па послужете со свежа салата.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Специјално за Клара може и без печурки, подеднакво вкусно е, а ориз како ориз мислам дека трпи се, па било која кобинација да се одбере нема да згрешиш :) ... и секако ја чекаме и откачената идеја од комшувката :)
И твојот начин ми се допаѓа :)