Ориз со мелено месо и шампињони
Состојки
- 300гр. свежи шампињони
- 400гр. мелено месо
- 1 чаша ориз (или во зависност за колку лица подготвувате)
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- по вкус сол и бибер
- плус зачини ловорв лист и мајчина душичка
- соодветно количество вода (спрема оризот)
Подготовка
Уште едно од често подготвуваните јадења кај нас дома. Оризот го сакаме сите, па се трудам да најдам најразлични рецепти.
Се надевам ќе ви се допадне рецептот.
1. Во тава на оган ставете го ситно сецканиот кромид да се пржи. Кога малку ќе омекне додадете ги протиснатите чешниња лук и оставете да се пропржат.
2. Потоа додадете го меленото месо и убаво со лажица раздробете за да нема крупни топчиња. Пржете подолго време додека месото добие убава кафена боја, а потоа додадете ги и печурките исечени на четвртинки и продолжете со мешање додека малку да омекнат. На крај додадете го и оризот промешајте да се изедначи, зачинете по вкус па целата смеса префрлете ја во тава за печење.
3. Додадете ја загреаната вода и ловоровиот лист и ставете во загреана рерна да се пече. Оставете малку да се излади па послужете со свежа салата.
Добар апетит =)