Овошна шарена лења пита
Подготока
На почеток ги делиме белките од жолчките. Започнуваме со матење на белките постепено го додаваме шеќерот на крај брашното, густинот прашокот и оцетот ги додаваме на крајот и мешаме пополека со шпатула.
Во плех за печење со дим.20*35см обложен со хартија со лажица ставаме рустично од белката. Врз белките обилно наросуваме какао и расфрламе низ белката 10 коцки млечна чоколада.
За тестото со жолчки ги матиме заедно со јајцата и шеќерот го додаваме маслото, брашното и на крај печивото и оцетот...соединуваме и сипуваме врз белките.
Печете во загреана рерна на 180ц откако тестото ни се испече и излади исечете го на половина по хоризонтала.
Фил.
Во половина литар вода додадете го шуското замрзнато овошје и шеќерот нека зоврие и во мал дел од водата размешајтего пудингот и додадете го во врелиот фил мешајте додека не се згусне кремот.
Желатинот расворете го со 5 лажици ладна вода оставете да набабри и додадете го во млакиот фил исто на крај додадете го путерот и мешајте се додека не ни се соедини целата смеса. Филот додека е млак нанесете го на еден дел од тестото врз филот ставете го вториот дел од тесто.
Благо притиснете и оставете да се излади колачот. Сечете коцки и послужете со шеќер во прав.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани