21
мар
2012
Посна шарена пирамида
Бисквитите ги дробиме со сукало. Во нив ги додаваме оревите, лешниците, сувото грозје, какаото, желе бонбоните сецкани и мешаме со лажица. Во меѓувреме го подготвуваме шербетот. Водата со шеќерот ги ставаме да зовријат. Жежок го тураме врз нив и со оваа смеса ги полниме калапите. Оваа смеса е за 2 калапи. Потоа ги ставаме во замрзнувач да се стегнат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови