Кора
Се делат белките и се матат со миксер тврдо, постепано се додаваат и жолчките, па брашното, пецивото и какаото. Се тура во плех обложен со хартија за печење и се печи во загреана рерна околу 15 минути на 200 С.
Фил
Во млекото се меша густинот и се става на оган да се вари се додека не се згусни. Се остава добро да олади. Настрана се мати путерот со шеќерот во прав и се додава во густинот и кокосот сето ова треба да се измати се додека не се добие хомогена смеса.
Кората се сечи на 21 долга лента дебелина околу 1 сантиметар.
На првиот ред се редат 6 ленти, но помеѓу секоја да има растојание од 1 см за фил. Се премачкува со фил, но да се внимава секоја празнина рамномерно да биде наполнета со фил. Се продолжува со втор ред 5 лентите се редат на местото каде што е филот. Постапката се повторува се додека не се наредат сите ленти на врвот да биде само 1 лента. Со преостанатиот фил може да се премачка целосно, а може да се премачка и со шлаг пена. Се украсува по желба. Јас користев чоколадни ронки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови