Пирамида торта од палачинки
За палачинки
Јајцата изматете ги со млеко, додајте брашно и сол и зејтин, направете смеса за палачинки.
Во загреано тавче за палачинки пржете ги палачинките.
За фил
Слатката павлака изматете ја.
Белото чоколадо растопете го,изладете малку и додајте во слатката павлака, додајте кокос и шеќер во прав.
Палачинката премачкајте со фил, во средина ставете вишни и завиткајте во ролат.
На чинија редете четири ролати од палачинки, премачкајте со фил, потоа ставете три ролати, премачкајте со фил, потоа два ролати премачкајте со фил, и на крај еден ролат.
Цела торта премачкајте со шлаг,украсете со вишни.
Оставете во фриждер на еден час.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани