Овошен десерт со гриз и малини
1. Ставете го млекото со шеќерот на оган да зоврие, па одкако ќе зоврие тргнете го настрана и постепено додавајте го гризот со постојано мешање, па вратете го на оган и варете додека да добиете густа смеса, како пудинг кога се вари. Откако ќе се згусти тргнете го од оган и додадете една лажица ванилин екстракт.
2. Одмрзнатите малини, водата и шеќерот ставете ги на оган. Малку одвојте од водата за да го растворите густинот. Откако ќе почне да врие водата со малините, додадете го густинот и варете додека се згусти смесата.
3. Земете соодветни чаши или мали длабоки чинии, исплакнете ги со топла вода и полнете ги со филовите. Јас полнев една лажица бел дел, па овошен и така додека да се наполни чашата.
4. Забелешка-од овошниот фил ми остана, па затоа направив уште една доза бел фил и беше таман. Можете да употребите било какво овошје и наместо густин да ставите пудинг, пр. замрзнати јагоди со пудинг од јагоди.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови