12
мај
2015
Обоен зебра кекс
Пуштете ја рерната да се загрева на 180С.
Кремасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата.
Намалете ја брзината на миксерот и постепено додавајте ги течните, па сувите состојки.
Смесата поделете ја на 2 дела. Во едниот додадете го екстрактот и брашното, а во другиот какаото и кока колата.
Намастете и побрашнете тркалезна тепсија бр 26 или 28.
Во средината на тепсијата ставајте по 3 лажици наизменично од двете смеси. Не протресувајте.
Ставете го кексот да се печи. После 30-40 мин. проверувајте со чепкалка или допир дали е добро испечен.
Готовиот кекс оставете го да подилзади и посипете го со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани