Млекото и шеќерот ставете ги на оган во поголемо теџере да зовријат.
Кога ќе почнат да вријат намалете ја ринглата на најтивко и варете 3 часа.
Времето на варење варира смесата треба да се преполови меѓутоа треба на многу тивко да се вари.
Кога е варено тргнете го од оган и додадете го маргаринот и мешајте додека се стопи и малку оставете да се разлади.
Филувајте ги обландите на последната не се става фил.
Врз обландите ставете нешто тешко да ги притисне и оставете 24 часаа да стојат.
Наредниот ден исечете ги на парчиња .
Повкусна обланда немаме пробано од оваа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови