
23
ное
2020
Тиквички на едноставен старински начин
Ги обожавам и како салата и како прилог со некое мевце.
Едноставно се подготвуваат, но крајниот резултат е одличен.
Измијте ја тиквичката и исечете ја на крукчиња.
Загрејте масло во некоја тава и пржете ги парчињата да заруменат од двете страни.
Откако сите ќе бидат испржени, во нив ставете го исечканиот лук и магдонос, посолете.
Во маслото во кое ги пржевте (ако е повеќе истурете дел, доволно е отприлика две лажици) ставете го пиперот, запржете го малку, додајте ја киселината и прелијте ги тиквичките, измешајте и уживајте.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови