18
фев
2016
Ориз со јагнешки џигер на старински начин (Каплама)
1. Миениот џигер се сече на поголеми парчиња и се вари околу 40 минути.
2. Кромидот го сецкаме и се запржуваме со свинска маст, потоа се додава оризот и зачините.
3. Вака запржениот кромид со ориз се става во тавче бр. 36 , потоа варениот џигер ситно исечкан се реди врз оризот и се додава од варената вода колку да се покрие оризот. На крајот се покрива со претходно припремената мрежичка, односно капламата.
4. Капламата се вари на 180 степени околу 30 минути.
Прекрасен ручек !)
Лиценца: Сите права се задржани
Предобро јадење, но на жалост не сум го подготвила одамна :)
Нешто слично како топки сарма. Секое топче го редам во земјена тава и покривам со водата од џигерот.
Потпекувам во рерна.