Испечати

Ориз со јагнешки џигер на старински начин (Каплама)

Ориз со јагнешки џигер на старински начин (Каплама)

Состојки

  • 1 кг комплет јагнешки џигер црн и бел
  • 3 главици кромид
  • 4 филџана од кафе ориз
  • по вкус сол и мешан зачин
  • по потреба свинска маст

Подготовка

1. Миениот џигер се сече на поголеми парчиња и се вари околу 40 минути.
2. Кромидот го сецкаме и се запржуваме со свинска маст, потоа се додава оризот и зачините.
3. Вака запржениот кромид со ориз се става во тавче бр. 36 , потоа варениот џигер ситно исечкан се реди врз оризот и се додава од варената вода колку да се покрие оризот. На крајот се покрива со претходно припремената мрежичка, односно капламата.
4. Капламата се вари на 180 степени околу 30 минути.

Прекрасен ручек !)