29
мај
2015
Мариниран јагнешки џигер
За маринада на џигерот е потребно
2 лажици чивес или власач
2 ловорови листа
прстофат мајчина душица
прстофат босилек
прстофат оригано
100 мл суво бело вино
4 лажици маслиново масло
2 чешниња толчен или пасиран лук
сол и црниот бибер по вкус
Сето ова помешајте го и оставете да отстои џигерот во него околу два часа.
Јас го исецкав на помали парченца.
Потоа вадете од маринадата и валкајте го во брашно помешано со црвен пипер.
Така спремно пржете го во врело масло, а кога е готово на крај вратете ја маринадата во тавата.
Оставете да поврие додека не испари маринадата.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови