Чоколадата за готвење се става на пареа да се растопи, се додава и нугат кремот. Откако убаво ќе се растопат и ќе се добие убава течна смеса, се трга настана и се додаваат оревите, бадемите и лешниците. Се се измеша убаво да се добие хомоген смеса.
Со мало лажиче се полнат хартиените корпици со смесата.
Од оваа смеса излегуваат околу 40 нугат корпици.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови