Испечати

Нугат корпици

Нугат корпици

Состојки

  • 100 гр. Сечкани ореви
  • 100 гр. Сечкани бадеми
  • 100 гр. Сечкани лешници
  • 200 гр. Чоколада за готвење
  • 200 гр. Нугат крем

Подготовка

Чоколадата за готвење се става на пареа да се растопи, се додава и нугат кремот. Откако убаво ќе се растопат и ќе се добие убава течна смеса, се трга настана и се додаваат оревите, бадемите и лешниците. Се се измеша убаво да се добие хомоген смеса.
Со мало лажиче се полнат хартиените корпици со смесата.
Од оваа смеса излегуваат околу 40 нугат корпици.