Овие пралини имаат префинет вкус. Дозата е мала, 12 до 14 пралини. По потреба дуплирајте ги состојките. Јас користев готов марципан и силиконски калап со мали, правоаголни форми.

Подготовка:

1. На дното на секое калапче, прво, ставав по една бомбица марципан, малку расплескана во калапите. Потоа на многу тивок оган ги соединуваме нутелата, чоколадото и маслото, со повремено промешување. Ги додаваме и лешниците. Смесата ја изедначуваме.
2. Врз марципанот ставаме полно лажиче од нугат полнењето. Внимателно калапот го удираме еднаш од работната маса, убаво да си легнe смесата. Оставаме на ладно 1 час. Потоа ги вадиме пралините од калапчињата. Ги декорираме со растопено чоколадо и шеќерни снегулки. Сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани