Испечати

Новогодишни нугат-марципан пралини

Новогодишни нугат-марципан пралини

Состојки

  • 100 гр марципан
  • 80 гр темно чоколадо со 45% какао маса
  • 80 гр нутела
  • 70 гр тостиран, сецкан лешник или бадем
  • Малку растопено чоколадо за декорација
  • И шеќерни звездички
  • 1 лажиче масло

Подготовка

Овие пралини имаат префинет вкус. Дозата е мала, 12 до 14 пралини. По потреба дуплирајте ги состојките. Јас користев готов марципан и силиконски калап со мали, правоаголни форми.

Подготовка:

1. На дното на секое калапче, прво, ставав по една бомбица марципан, малку расплескана во калапите. Потоа на многу тивок оган ги соединуваме нутелата, чоколадото и маслото, со повремено промешување. Ги додаваме и лешниците. Смесата ја изедначуваме.
2. Врз марципанот ставаме полно лажиче од нугат полнењето. Внимателно калапот го удираме еднаш од работната маса, убаво да си легнe смесата. Оставаме на ладно 1 час. Потоа ги вадиме пралините од калапчињата. Ги декорираме со растопено чоколадо и шеќерни снегулки. Сервираме.