Подготовка на корите
Од 6-те јајца се прават три кори(секоја од нив се прави на следниов начин...
- Со миксер се матат 2 јајца со малку сол.Се додава 50 мл масло за јадење и 130 мл јогурт. Се исклучува миксерот и се додава 4 лажици брашно и ½ прашок за печиво. Се прават вакви три кори и во нив се додава
1-ва кора-Се додава спанаќот кој е претходно обарен, исцеден и ситно исечкан
2-ра кора-Се додава малку прехрамбена жолта боја
3-та кора-Се додава 2 лажици црвен пипер
- Се печат корите во тавче бр. 26 обложено со хартија на 200 С од 5-10 мин.

Подготовка на филот
Маргаринот се мати со миксер. Се посолува и се додава сирењето,крем-сирењето и павлаката и се мати уште малку. На крајот се додава ситно дробената или рендана шункарица.

Декорирање и редење
Најпрво се става тестото со спанаќ па се премачкува со половина од филот. Врз него се става жолтото тесто и се премачкува со другата половина од филот, а најозгора се става црвеното тесто и се премачкува само со павлака, па се декорира со магдонос , кашкавал или кечап и моркови

П.С. Тортава ја направив за Нова година и во недостаток на време не успеав да ја сликам навреме па добро е и што ваква брзинска слика направив со мобилниот тел. пред да се изеде цела...Успеав барем моето парче да го сликам пред и јас да го изедам...хихи Ви се извинувам однапред за мојата немарливост овој пат...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани