За новогодишната прослава, Фичо ќе подготви Чоколадна торта со лесен фил од слатка павлака и мелени лешници...

Подготовка

Чекор 1: Во миксер ставете ги маргаринот и шеќерот и изматете ги. По неколку минути додадете ги јајцата едно по едно. Во друг сад измешајте ги млекото, павлаката, црвената боја и убаво измешајте да се соедини. Додадете го пецивото и јаболковиот оцет. Соединете ги двете течни смеси.

Во друг сад соединете ги сувите состојки и измешајте ги убаво со течните.

Тестото е готово. Од него испечете две кори, бидејќи тортата е на два спрата.

Чекор 2: Во сад за матење ставете ја слатката павлака и шеќерот и матете додека не згусне, а потоа додадете го какаото. Додадете ги лешниците и чоколадните трошки.

Во филот може да додадете и Маскарпоне, или Крем сирење, по желба.

Филувајте како што тоа го прави Фичо во видеото.

Чекор 3: Растопете го чоколадото и додадете го путерот. Убаво промешајте и преливот е готов.

Прелејте ја тортата со чоколадото, декорирајте и сервирајте.

СОВЕТ: Смесата за тестото е рецептот за популарната Ред Велвет торта. Бојата ќе зависи од тоа колку јака црвена боја ќе употребите...