Прекрасен новогодишен рецепт кој со мали измени годинава го подготвив.
Ги матиме состојките за пандишпанот.
Го истураме врз тава обложена со мрсна хартија.
Со шпатула го распостиламе убаво рамномерно.
Печеме на температура од 160 степени. Проверуваме со чепкалка колку е печено.
Откако е печено и изладено ја вадиме хартијата за печење. Го сечеме на 5 ленти зависно од тавата. На пример јас го сечев на 12,10,8,5,и 3см.Вие сечете според вашата тава.
Секоја лента се премачкува со мармалад. Јас употребив мармалад од малини.
Најпрво ја редиме најшироката лента, па ја премачкуваме со фил.
Така ги редиме една врз друга од најширока до најтесна кора.Премачкуваме со фил од сите страни.
Шлаг кремот го матиме според упатството и го полниме во шприцот за декорирање.Украсуваме по своја желба.
Марципанот го расукуваме и од негос вадиме фигури.Секоја фигура ја попрскуваме со светки и ги ставаме да се постврднат. Потоа ги редиме врз тортата која навидум е права елка со снег.
Сега да кажам за филот.
Путерот се мати со шеќерот во прав се додава претходно сварениот и изладен пудинг.
Во пудингот се мешаат и двете лажици какао.
Матиш и додаваш рум.
Слатката павлака ја матиме и ја мешаме со филот.
Пробајте го рецептот е преубав.
Забелешка
Ставете ја тортата во ладилник додека малку се стврдне филот потоа сечете.
Во марципанот ако сакате ставете боја јас ги оставив оргиналот боја.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови