Испечати

Видео рецепт: Новогодишна чоколадна торта

Видео рецепт: Новогодишна чоколадна торта

Состојки

  • За ТЕСТО ќе ви треба:
  • 115 гр. маргарин
  • 340 гр. шеќер
  • 2 јајца
  • 225 мл. млеко
  • 1 лажица растителна слатка павлака
  • 1 пакување прехранбена црвена боја
  • 1 пакување прашок за печиво
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 230 гр. брашно
  • 30 гр. какао
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • За ФИЛ ќе ви треба:
  • 500 мл. слатка павлака
  • 5 лажици шеќер
  • 2 раце мелени лешници
  • чоколадни трошки
  • 4 лажици какао
  • За ПРЕЛИВ ќе ви треба:
  • 300 гр. темно чоколадо
  • 1 лажица путер

За новогодишната прослава, Фичо ќе подготви Чоколадна торта со лесен фил од слатка павлака и мелени лешници...

Подготовка

Чекор 1: Во миксер ставете ги маргаринот и шеќерот и изматете ги. По неколку минути додадете ги јајцата едно по едно. Во друг сад измешајте ги млекото, павлаката, црвената боја и убаво измешајте да се соедини. Додадете го пецивото и јаболковиот оцет. Соединете ги двете течни смеси.

Во друг сад соединете ги сувите состојки и измешајте ги убаво со течните.

Тестото е готово. Од него испечете две кори, бидејќи тортата е на два спрата.

Чекор 2: Во сад за матење ставете ја слатката павлака и шеќерот и матете додека не згусне, а потоа додадете го какаото. Додадете ги лешниците и чоколадните трошки.

Во филот може да додадете и Маскарпоне, или Крем сирење, по желба.

Филувајте како што тоа го прави Фичо во видеото.

Чекор 3: Растопете го чоколадото и додадете го путерот. Убаво промешајте и преливот е готов.

Прелејте ја тортата со чоколадото, декорирајте и сервирајте.

СОВЕТ: Смесата за тестото е рецептот за популарната Ред Велвет торта. Бојата ќе зависи од тоа колку јака црвена боја ќе употребите...