Николина торта
1 и 3 кора
5 белки се матат во цврст снег, па им се додава 150гр шеќер,100гр ореви ситно сецкани, 2лажица брашно и 1лажица какао. Смесата се пече на хартија во плех на 170степени околу 25 мин. Се прават две вакви кори.
2кора
5 белки се матат во цврст снег, па им се додава 150гр шеќер, 150гр сецкани урми, 50гр ореви сецкани, 2лажици брашно. Се пече исто како другите две кори
фил
15 жолчки се матат со 300гр шеќер, 3 лажици брашно и се вари крем во 1литар зовриено млеко. Кон оладениот фил се додава пенасто изматениот маргарин и целиот фил се дели на два дела. Едниот останува жолт и му се додаваат 5-6 крем бананчиња, а во другиот се додава чоколадата. Прво се става кората со какао, па црн фил, кора со урми, па жолт фил, кора со какао, црн фил и одозгора по желба хопла или шлаг.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
fala ti maja i pozz