
Непечени чокобисквит коцки со желе бомбони
Брзо едноставно и многу вкусно!!!
Подготовка
1. На тивок огин стопете го путерот, чоколадото, какаото, шеќерот во прав и румот. Додека е жешко измешајте ги и жолчките.
2. Смесата сипете ја врз пола мелени и кршени бисквити и мелените ореви. Целата смеса добро измешајте ја.
3. Изладената половина смеса ја ставаме во калап врз неа редиме желе. Другата половина ја сипуваме врз желето. Повторно ја ладиме, сечеме и на крај растопуваме чоколада со која ги прелеваме коцките.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани
)