Непечена сникерс торта
Подготовка на кората
Чоколадото се топи и му се додава малку по малку од млекото добро да се измеша и потоа се додаваат бисквитите.
Треба да се добие смеса, која не е многу сува, но исто така да се пази и да не е мека. Тоа ќе го регулирате со +/- 10% од млекото. (Во зависност од составот на бисквитите и маргаринот, но јас лично би додала најмалку +10).
Во малку намастен тркалезен калап со пречник од 22 см, убаво се плеска кората, добро да се израмни.
Подготовка на слојот од кикиритки
Маргаринот се топи. Се додава на мелените кикиритки и шеќерот на крај постепено се додава млекото. Сето убаво се измешува. Ќе се добие смеса со густина на мармалад.
Оваа смеса ја ставама во калапот над подлогата и убаво измазнуваме. Калапот го оставаме во фрижидер да се лади некаде околу 30 мин, додека го подготвуваме карамел филот.
Подготовка на карамел кремот
Од пудингот, млекото и 5те лажици шеќер вариме пудинг. Пудингот се раствора со дел од млекото и 1 лаж. од шеќерот.
Потоа, додека пудингот се лади, омекнатиот маргарин и шеќерот-прав пенесто се матат и постепено продолжувајќи со матењето се додава (лажиче по лажиче) од оладениот пудинг. Смесата ја покриваме со целофан или повремено ја мешаме за да не фати кора. Така изладена ја премачкуваме како трет слој, над слојот со кикиритки.
Калапот со тортата повторно го ставаме во фрижидер за да се стегни добро и оваа смеса, некаде околу 3 часа. Јас ја ставив во замрзнувач некаде пола час, па потоа слободно може над неа да се нанеси и глазурата.
Подготовка на глазурата
150 гр хопла (спороред мене можи да се намали и до 120) и какаото добро се мешаат со жица за матење (да не останат грутчиња). Потоа се загреваат до вриење и се оставаат така да вријат 2 минути со непрекинато мешање.
Чоколадото се топи на пареа или во микробранова и му се додава на загреаната хопла. Се трга од оган и му се додава медот и стопената чокоада и веднаш се нанесува на оладената торта.
Тортата ја оставаме повторно во фрижидер, за добро да се стегни. Потоа ја украсуваме по желба и ја сечиме на парчиња. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Samo pisi mi koj broj ti e kalapov.Ja imam 22 odgovara ili mal e?
нема волшебна салфетка која би одговарала на пригодава :) :) :) :)
издаицо рода свога! :) :) :) :)
A ja gjubre drcno nemozev da dodrzam pa morav ovaa ubavina da ja probam.A imav torta doma kolku za denes vcera praevme za sestra mi za rodenden pa posle rucek im ja tutnav doma da ja izedat za da go prvam tortulevo.Mislam sega me razbiras i ke si gi povleces tie teski navredi :))))))))
Vo podlogata staviv se kako sto si pisuva i go poslusav sovetot dodadov poveke mleko i ne zgresiv.
Vo kremot so kikiriki staviv 150 gr kikiriki (mi bese strav da ne e soleno (zemav vakumirani pa im ja tresev olta ) i po 50 grama meleni lesnici i orevi.Drugoto se isto
Vo tretiot del kremot od karamela nemav dva pudinga od karamela imav eden i stviv eden od vanila ama voopsto ne se oseti vkusot na vanila si imase bas karamela vkus.
i glazurata ja napraviv so stopeno cokolado,kakao margarin,malku mleko i malku seker vo prav.(nemase hopla vo prodavnica) morav da inproviziram.Ama se na se izleze fenomenalna torta se gleda od slikite kolku ostana.Odam sega da stavam katanec na friziderot za da ostane po edno parce za sabajle :))))))
одлично звучи рецептов а сега и потврдено е многу вкусен судејки по твојава слика
дозата густин за 500мл млеко е од прилика 4 големи лажици густин, ако фали додаваш густин или доваруваш троа :)
нека бидат 3 големи лажици, па додади по потреба.
очекувам благодарност на жиро сметка за ова :) :) :) :)