Необично пециво
Ова е брзински подготвено вкусно пециво, кое нема потреба од стасување, па е идеално за ненајавени гости или за брзо подготвен вкусен појадок или вечера.
Подготовка
1. За филот го сечкаме магдоносот и го промешуваме во дробеното или рендано сирење во кое сме ставиле јајце и кисела павлака. Ако сакате лукче, исчистете и ситно насечкајте го.
2. Млекото го загреваме заедно со путерот, да стане млако и да омекне путерот. Пецивото го промешуваме во брашното, па додаваме сол и квасец. Ги додаваме и јајцето и јогуртот, па со млакотото млеко со путер замесуваме средно меко тесто.
3. Расукуваме кора која ја премачкуваме со филот. Кората ја виткаме во ролат, па внимателно ги спојуваме краевите. Ја ставаме во намрсено или на хартија за печење тавче бр. 26 . На растојание од околу 3 см правиме засеци со ножици. Го премачкуваме со жолчка и наросуваме сусам.
4. Веднаш го печеме во рерна на 200 степени, околу 30 мин.
Значи не го чекаме да стаса пред печење. Откако ќе се испече покријте го со кујнска крпа.
Лиценца: Сите права се задржани
Баш ми е драго што си ги угостила гостите :):):)