Необична вртена пита
Квасецот се остава во млака вода со малку шеќер и се остава да одстои 15 минути. Во брашното се става квасецот, сол, 150 мл масло и околу 500мл вода или повеќе по потреба за да се замеси меко тесто. Измесеното тесто се остава околу 10 минути да одмори. Потоа се формираат 8 кравајчиња од него. Секое се разсукува во кора од околу 1 см и се премачкува со масло. Вака премачканите кори се покриваат со проѕирна фолија и се оставаат 1 час.
Потоа секоја кора се разсукува со сукало и се растегнува колку што може за да се добие тенка кора. Кората се попрскува со масло и смеса подготвена од два матени јајца со павлака и сирење. Се завиткува кората и се става во подмачкана тава со виткање во вид на полжав. Истата постапка се повторува и со останатите кори и секоја се завиткува околу другите додека не се потроши целата смаса и не се потполни тавата бр 32. На крај се подмачкува со масло и се наросува со пармезан.Така подготвената пита се става да се пече во загреана рерна на 220 степени околу 40 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Еве уште еднаш овде би сакале да ти нагласиме некои насоки околу фотографирањето за во иднина:
- Запали посилно светло кога фотографираш, или, фотографирај на сончева светлина;
- Оддалечи се малку од јадењето, за фокусот да падне врз него, а не врз околината;
- Правилата за учество во натпреварите велат дека треба да се фотографира јадењето сервирано во чинија;
- Ако фотографираш од телефон, сето тоа е многу потешко, добро ќе биде да користиш фотоапарат.
Ова ти го пишуваме бидејќи имаш навистина одлучни и иновативни рецепти, но фотографиите ги прават незабележливи и потпросечни - па дури и се двоумиме дали да ги објавуваме.
Искрено, МоиРецепти
Пиши ни` ги твоите податоци (име презиме, адреса, телефон, емаил) на http://moirecepti.mk/kontakt/