1. Листовите блитва убаво измијте ги и исечете ги на поголеми парчиња. Кромидот и магданосот ситно исечкајте ги.
2. Сите состојки (без лукот и сенфот) ставете ги во касерола, залијте ги со вода и поклопете со капак и оставете ги да се варат додека блитвата убаво не биде сварена или додека не изврие водата.
3. Лукчето ситно исечкајте го,а може да го истолчите или поминете во машинка.
4. Сварените состојки во касеролата префрлете ги во блендер, додајте го лукот и сенфот и блендирајте додека смесата не стане хомогена.
5. Намазот послужете го топол.
Мене ми е највкусен во комбинација со арабски леб или пиедина.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани