17
мар
2014
Намаз од блитва и грав (посно без масло)
1. Листовите блитва убаво измијте ги и исечете ги на поголеми парчиња. Кромидот и магданосот ситно исечкајте ги.
2. Сите состојки (без лукот и сенфот) ставете ги во касерола, залијте ги со вода и поклопете со капак и оставете ги да се варат додека блитвата убаво не биде сварена или додека не изврие водата.
3. Лукчето ситно исечкајте го,а може да го истолчите или поминете во машинка.
4. Сварените состојки во касеролата префрлете ги во блендер, додајте го лукот и сенфот и блендирајте додека смесата не стане хомогена.
5. Намазот послужете го топол.
Мене ми е највкусен во комбинација со арабски леб или пиедина.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Duri i decinjata sto ne sakatat se sto e zeleno mi se pridruzija :)
Заради бојата претпоставувам дека е со црвен грав. Како и да е јас би си го подготвила со бел, црвениот некако не ми е по мерак. А лепчето ми е омилено деновиве :)
Честитки,