Се замесува тесто од брашното, водата, зејтинот и солта и се остава обавезно да одмори 30 минути, а може и повеке-значи 30 минути обавезно.
Тестото се размесува во долга векна и се сечат парчиња од кои се расукуваат корички. Секоја коричка се попрскува со маргарин или зејтин, се реди фил и се собира од сите страни кон средината внимавајќи краевите да се малку подигнати.
Бидејќи тестото е без квасец потрудете се коричките да бидат потенко сукани или развлечете ги со раце колку дозволува тестото.
При собирањето внимавајте при секој набор внатре да има од филот така ќе бидат и повкусни и поубави за изглед.
Одкако ќе се наберат се редат во подмачкан плех и се печат околу 30 минути на 180-200 степени.
Одлични се за појадок, а филот може да се замени зависно од вкусот на домашните.

Фил
Празот се сече и заедно со солот убаво се меша-се гмечи да пушти малку сок. Во изгмечениот праз се додава белка, а ако саката да бидат посни тогаш не мора.
Јас овој пат правев и со фил од сирење плус и сукана пита со праз-за секого по нешто.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела