Набрани кори со сирење
Во сад се става брашното, солта, маслото и со додавање на водата се замесува тесто. Се меси додека стане мазно и еластично. Потоа се дели на 13 топчиња.
Топчињата се редат во плехче малку намачкано со масло, се мачкаат и одозгора, се покриваат и се оставаат да одморат 15-20 мин.
Од секое топче се сучи кора, се прска со масло и се посипува со урдата измешана со јајцето. Со прстите - показалците од левата и десната страна се бери кон средината, а потоа од горната и долната стана. Вака собраната кора наликува како цвет(сл.2). Добиените ќошиња се преклопуваат едно над друго(сл.3) а меѓу се прскаат со малку масло. Се земаат со помош на шпатула и превртени се ставаат во плех намачкан со масло(сл.4).
Се прскаат со масло и се ставаат да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 мин да добијат златна боја.
Се вадат од рерна се прскаат малку со вода, се покриваат со фолија и крпа малку да омекнат и се служат топли со јогурт.
Лиценца: Сите права се задржани