Прво свинското месо исецкајте го на мали коцкички.
Во вок тава на оган ставете го маслиновото масло и сецканиот кромид да се запржат.
На тоа се додава сецканото месо и се пржи се додека не испари течноста.
Потоа се додава сецканиот зеленчук и зачините.
Се динста на тивко.
Доколку месото не е готово се додава околу 100 мл вода и се остава да крчка.

Доколку сакате посочна мучкалица додадете уште еден црвен домат.
Лесно, вкусно јадење. Сервирајте со пржен компир.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани